Услуги
УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ
Меѓународен и домашен специјален (вонреден) транспорт
Вршиме транспорт на секаква вонгабаритна стока: градежни машини и механизација, индустриски машини, конструкции, носачи за мостови, метални елементи, цистерни, трансфорамтори и друга стока која ги надминува дозволените димензии и маса со сите потребни дозволи и пратњи. Учествуваме во домашниот и меѓународниот транспорт генерално во Балканските земји.
Логистика на вонреден транспорт (обезбедување на дозволи и пратњи)
Вршиме обезбедување на сите потребни дозволи за домашни и странски возила кои вршат транспорт што ги надминува законски дозволените димензии и маса со обезбедување на сите потребни дозволи или елаборати (за Јавни патишта и Град Скопје) и со соодветно обезбедување на транспорот со специјализирани возила и полициски возила.
Услуги со мобилни дигалки (авто-дигалки) и виљушкари
Вршиме утовар и истовар на стока од камиони, даваме услуги при монтажа/демонтажа на конструкции, подигање на материјали на објекти, монтажа/демонтажа на градежни кранови итн. Располагаме со мобилни дигалки со најголема носивост од 12Т. до 90Т. и виљушкари со најголема носивост до 10Т.Располагаме и со специјална електрична “pick and carry” дигалка за работа во хала.
Рачно подигање, поместување и позиционирање на машини, опрема и други тешки предмети
Галерија

























