Трговското друштво ОРБИТА ТРАНС е специјализирана за вршење на транспорт на вонгабаритни стоки, користејќи модерна “state-of-the-art” опрема и технологија
трговското
друштво ОРБИТА ТРАНС е специјализирана за вршење на транспорт на вонгабаритни
стоки, користејќи модерна “state-of-the-art”
опрема и технологија.
Визионер и првиот основач на концептот на компанијата е Крсто Кралевски,
човек со визија и претприемачки дух, кој ја создаде идејата и имиџот на
компанијата. Во 1974 година тој направи храбра одлука како трговец поединец, еден
од првите во тоа време, со само еден камион да почне свој приватен бизнис.
Компанијата беше пререгистрирана во 1992 година, кога беше наследена од
неговиот син Душан Кралевски. Под негово водство, до крајот на 90-тите гоини, капиталот
на компанијата се зголеми за 300% и оваа посветеност за раст, ефикасност, ефективност
и квалитетот на работата со исто темпо продолжи во 2000 година.
Во 2008 година се приклучи претставник на третата
генерација. Внукот и син Марко Краљевски донесе свежи идеи за понатамошен раст
и развој. Тој воведе технологија за подобрување на процесот на работа, особено
во областа на компјутеризиацијата и диверзификацијата.